Достапни линкови

logo-print

Најниски приноси од жито во последните десетина години


Поплавите пред време го ожнеаја родот од лебното зрно, па годинава се очекува родот да биде двојно помал од лани.

Земјоделците во Пелагонија не паметат послаби приноси кај житото во последните десетина години. Поплавите пред време го ожнеаја родот од лебното зрно, па сега одвај се собираат и по два тони од хектар.

Многу е слаб родот од житото и ако бидат и ниски цените ќе пропаднеме.

„Уништени се, ова е пустош, на нула.“

Поплавите во најголемата житница во Македонија, Пелагонија, оштетија илјадници хектари со пченица.

Поплавите во најголемата житница во Македонија, Пелагонија, оштетија илјадници хектари со пченица.

„Многу е слаб родот од житото и ако бидат и ниски цените ќе пропаднеме.“

„Имаме штети, а кога прашувавме во осигурителните компании, ни велеа дека есенската сеидба не се осигурувала, туку напролет да сме го осигурале житото од град“, велат земјоделците.

Сè зависи од типот на почвата, подготовката каква била, поплавите какви биле, колку водата нанела штета. Просечно ако добиеме по 2 тони од хектар ќе биде добро. За разлика од лани кога имавме по 4 тони од хектар.

Од подрачното одделение за земјоделство потврдуваат дека родот од жито оваа сезона е преполовен.

„На повисоките места приносите кај јачменот се движат од 1 тон до 1,5 тони од хектар, а пченицата се движи од 1,5 до 2 тони по хектар. Кога ќе се слези подолу на поквалитетните почви се очекува род по три тони по хектар. Сè зависи од типот на почвата, подготовката каква била, поплавите какви биле, колку водата нанела штета. Просечно ако добиеме по 2 тони од хектар ќе биде добро. За разлика од лани кога имавме по 4 тони од хектар“, вели началникот Илија Србиновски.

Поради ваквите состојби се очекува и жетвата да заврши пред планираниот рок.

„Во 2015 година ќе биде намалено производството за 40 до 50 проценти на одредени површини. Жетвата обично траела до петти август. Но, годинава се очекува да заврши побрзо, зашто на терен површините се намалени, приносите исто така, па комбајните за брзо време ќе ја завршат жетвата“, додава Србиновски.

За разлика од кај нас, Србија годинава има приноси над 4 тони жито од хектар, па во државата се увезуваат поголеми количини на српска пченица што се продава по цена поевтина од домашната. Поплавите и ваквата конкуренција доведоа во Македонија да бидат посеани за 30 илјади хектари помалку површини со пченица отколку претходната година, односно само 64 илјади хектари. Од нив годинава се очекува да се добијат 200 илјади тони пченица, што значи за да се задоволат домашните потреби ќе треба да се увезат уште 100 илјади тони.

  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG