Достапни линкови

logo-print

Утре почнуваат преговорите за третата помош за Грција


Утре во Атина ќе пристигнат првите претставници на европските институтции и Европскиот механизам за стабилност (ЕСМ) со кои ќе почнат преговорите за деталите за третата финансиска помош за Грција.

Од грчка страна, техничките преговори ќе ги предводи претседателот на Советот на екононски советници (СОЕ) Јоргос Хулиаракис, соопштија извори од гркото Министерство за финансии.

Истите извори ја отфрлија можноста за дополнителни реформи, и покрај барањата на кредиторите.

Грчката Влада се надева дека преговорите за тригодишниот меморандум за разбирање и новиот договор за заем ќе завршат до 20 август.

XS
SM
MD
LG