Достапни линкови

СДСМ - „бомбите“ одат пред специјален обвинител


Материјалите од прислушувањето и содржините од него се надлежност на Специјалниот јавен обвинител. Тој е единствениот кој во независна и непристрасна постапка, ослободен од рацете на Никола Груевски може да донесе одлуки во коишто ќе верува јавноста во Македонија, изјави денеска портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов Тој вели дека се покажала непрофесионалноста на јавниот обвинител Марко Зврлески, кој, како што вели, е во директен линк со Никола Груевски.

„Напразно Зврлески сака да покаже дека наводно нешто почнал да работи. Половина година од објавата на доказите од прислушувањето и поднесените кривични пријави, не е покрената ниту една постапка. Соопштението од Зврлески следува откако е договорено Специјален јавен обвинител да ги работи предметите за функционерите чијашто одговорност тој ја крие. Ако добро се проследи она што го напишал Зврлески, тој не се осмелил ниту еднаш да го спомене името на Никола Груевски, а не пак да го викне на распит, и покрај огромниот скандал со парцелите на Водно во којшто е вмешан Груевски како премиер“, рече Шилегов.

Обвинителството не постапило по допрен глас за ниту една од снимките за коишто не е поднесена кривична пријава, вели Шилегови и додава дека Зврлески нема ни морален ни професионален интегритет и кредибилитет да постапува по предметите и токму затоа, според него, треба да си даде оставка.

XS
SM
MD
LG