Достапни линкови

ОБСЕ загрижен за напад врз новинар во Македонија


Претставничката на ОБСЕ за слобода на медиуми Дуња Мијатовиќ денеска му пишала на министерот за надворешни работи Никола Попоски, со повик да се направи транспарентна и брза истрага за неодамнешниот напад врз новинар во земјата.

На 28 јуни новинарката Корнелиа Кребс која известувала за мигрантите за австрискиот јавен сервис ОРФ, била физички малтретирана од локален претставник на власта на македонско-грчката граница. Тој се обидел и да и ја одзеде камерата и другата новинарска опрема. Таа го пријавила случајот во полиција. Мијатовиќ вели дека овој напад е целосно неприфатлив и претставува директна закана за медиумите.

„Властите треба јавно да го осудат овој и сите други напади на новинари и медиумски работници, и мора да се обезбеди брза и транспарентна истрага“, се наведува во писмото од Мијатовиќ до Попоски. Нападите и заканите врз новинари не смеат да останат неказниви, стои во писмото.

XS
SM
MD
LG