Достапни линкови

АИ - пораст на екзекуциите во Иран


Амнести интернешнал предупреди дека има невиден пораст на погубени луѓе во Иран од почетокот на годинава. Од Организацијата денеска соопштија дека 694 луѓе се егзекутирани од 1 јануари до 15 јули. Во соопштението на Амнести се наведува дека минатата година во Иран биле погубени 743 луѓе. Тие велат дека судовите изрекуваат смртните казни во целосен недостаток на независност и непристрасност.

„Судењата во Иран често имаат големи недостатоци, на затворениците често не им се дозволува пристап до адвокати, а не постои ниту соодветна процедура за жалба“, се додава во соопштението на Амнести интернешнал.

XS
SM
MD
LG