Достапни линкови

logo-print

Собранието расправа за ребалансот на буџетот


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Собранието денеска почна расправата по предложениот ребаланс на Буџетот за 2015 година. Како што образложи вицепреиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, причина за ребаланс на Буџетот за 2015 година се остварените повисоки приходи кои со ребалансот се преточуваат на расходната страна за политики, мерки, активности и проекти кои беа најавени.

Појасни дека нема да има кратење кај ниту еден буџетски корисник, туку со ребалансот ќе се интензивира реализацијата на повеќе проекти, меѓу кои гасификацијата, изградбата на водоводи и канализации, изградба и реконструкции на училишта и слично.

Според деловникот на Собранието, расправата во ова матично тело треба да заврши за 10 работни денови, по што ќе биде проследен на пленарна седница.

XS
SM
MD
LG