Достапни линкови

logo-print

Обама и Ердоган против милитантите на ИД


Американскиот претседател Барак Обама и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се согласија да соработуваат со цел запирање на странски државјани да ја минуваат границата на Турција за да им се приклучат на милитантите на Исламската држава. Во нивниот телефонски разговор, како што соопшти Белата куќа, тиесе согласиле двете земји да ја интензивираат борбата против милитантите. Претходно Турција се колебаше да се плетка во војните во соседните земји. Но, последниот самоубиствен бомбашки напад во Суруч на границата со Сирија во кој загинаа триесетина луѓе и за кој одговорноста ја презедоа милитантите на Исламската држава по се изгледа го предизвика Ердоган да преземе поцврста акција.

XS
SM
MD
LG