Достапни линкови

Сојуз пристигна на Меѓународната вселенска станица


Руската вселенска капсула Сојуз со тројца астронаути пристигна на Меѓународната вселенска станица откако претходно беше лансирана од космодромот Бајконур во Казахстан. Во капсулата беа астронаутите Олег Кононенко од Русија, Киел Линдгрен од Соединетите држави и Кимија Јуи од Јапонија. Тие им се придружија на тројцата астронаути кои веќе се наоѓаат на Меѓународната вселенска станица. Лансирањето на капсулата беше одложено за два месеца, поради неуспешниот обид во април годинава.

XS
SM
MD
LG