Достапни линкови

Скопје се гради додека е „жешко“


Горештини во Скопје, некој се лади, некој работи
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:20 0:00

Горештини во Скопје, некој се лади, некој работи

И на речиси 40 степени владините проекти не запираат со градба. На бродовите, плоштадот, околните згради, работниците работат и по најголемите жештини.

Жолтата алертна фаза која ја споменуваат македонските надлежни звучи како утеха, оти не е портокалова или црвена, но тоа не значи многу и за оние кои работат на отворено.

При работа на такви температури се доведува во опасност здравјето на работниците, а уште повеќе се доведува во опасност и безбедноста.
Дејан Лутовски од движењето за социјална правда Ленка

И на речиси четириесет Целзиусови степени владините проекти не запираат со градба. Македонија засега не ги исполнува условите за прогласување вонредна состојба за кои треба да се надминат одредени степени, конкретно за Скопје на пример 41 поради што и нема стопирање на работите на отворено иако лекарите веќе со денови препорачуваат да не се престојува на сонце особено од 10 до 17 часот.

M
M

Но ваквите препораки не важат и за градежните работници кои работат на самиот плоштад и на зградите во неговата околина како и на бродовите во реката Вардар. На високите температури и на сред пладне тие беа на работните места.

Оставено е на свеста на работодавачите, нормално сите барем мислам поголем дел од нив се свесни за ситуацијата и наоѓаат начини и поголеми паузи даваат и работни места кои не се директно изложени на сонце.
Роберт Хот , претседател на градежната комора при Сојузот на стопански комори.

Дејан Лутовски од движењето за социјална правда Ленка смета дека со оглед на тропските температури неопходно е да има олеснувања за градежниците.

„При работа на такви температури се доведува во опасност здравјето на работниците а уште повеќе се доведува во опасност и безбедноста ако се земе предвид дека сите тие градежни работници ете конкретно од проектот Скопје 2014 работат на скелиња и дека не се баш заштитени па се поставува прашањето дали тие би биле само колатерална штета а сме свесни за многу пати досега за смрт на градежни работници на вакви температури“, вели Лутовски.

Милан Петковски од Македонското здружение за заштита при работа пак потсетува дека постојат правила кога се прогласува вонредна состојба, сепак нагласувајќи дека лично мисли оти се потребни конкретни мерки.

„Јас препорачувам да се преземат сите мерки за да се заштити здравјето на вработените вклучително и технички, технолошки и организациски мерки со кои дури и би се пропишало двојно работно време во смисла наутро, па после одмор, па би се продолжило итн“, вели Петковски.

Претседателот на градежната комора при Сојузот на стопански комори Роберт Хот пак вели дека до нив не е стигнато барање од синдикатите за смена на работното време за градежните работници.

„Оставено е на свеста на работодавачите, нормално сите барем мислам поголем дел од нив се свесни за ситуацијата и наоѓаат начини и поголеми паузи даваат и работни места кои не се директно изложени на сонце. Ние сме свесни, го пратиме на терен работењето и знаеме дека нема ефект да го држиш работникот на сонце и не постигнува работен ефект, не е само стој на сонце“, вели Хот кој додава дека ако бидат прогласени вонредни мерки тие ќе ги почитуваат.

Засега пак надлежните издадоа препораки бремените жени и повозрасните од 60 години да бидат ослободени од работните обврски.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG