Достапни линкови

Која партија не доаѓа на работната група за договорот?


ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ меѓусебно се препукуваат за (не)споведувањето на решенијата од политичкиот договор. Откако министерот за здравство и член на работната група од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров денеска изјави дека работната група конечно ќе одржи состанок после, како што рече, пет-шест недоаѓања на СДСМ, реагираа од опозициската партија.

ВМРО-ДПМНЕ мора да покаже сериозност во работната група којашто треба да договори решенија за критичните области посочени од европската експертска група на Рајнхард Прибе, реагира СДСМ.

„Непотребни се манипулативни изјави како денешната на Никола Тодоров. Јавноста беше запознаена со ставот на СДСМ дека опозицијата нема да учествува во какви било работни групи, додека не биде постигнат политички договор. Откако тоа се случи, тие кои два пати откажаа состанок на работната група беа од ВМРО-ДПМНЕ. Груевски и ВМРО-ДПМНЕ имаат обврска да го почитуваат потпишаниот договор “,соопштуваат од СДСМ. На нивното соопштение реагираа од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ треба да престане да се користи со неточни информации и конечно да ги прифати обврските за кои што ја даде својата согласност. Фактите говорат дека на повеќе средби на работната група не присуствуваа токму претставниците од СДСМ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

XS
SM
MD
LG