Достапни линкови

Египет го осуди поранешниот премиер Назиф


Египетскиот суд денеска го осуди поранешниот премиер Ахмед Назиф на пет години казна затвор за корупција. Назиф беше премиер во времето на соборениот претседател Хосни Мубарак. Освен затворска, поранешниот премиер е осуден и на парична казна од 6,8 милиони долари.Тој, исто така, мора да врати околу 6 милиони долари од бонуси кои нелегално ги добил. Судот утврди дека Назиф ја користел својата позиција како премиер од 2004 до 2011 година за да стекне богатство во висина од 8,2 милиони долари.

XS
SM
MD
LG