Достапни линкови

Коѕијас реферирал за балканската турнеја


Грчкиот Национален совет за надворешна политика денеска одржа специјален состанок за Балканот, на кој министерот за надворешни работи Никос Коѕиас ги информира партиите за неговата посета на осум балкански земји.

„Грција се враќа на Балканот и нашата политика, како што објаснив, има два елементи. Едниот елемент е да се поддржи нашата соработка со секоја земја и нејзиниот курс кон Европската унија. Вториот е повторно да се најде начин да се создаде внатрешен балкански простор, повторно да биде направена балканска периферија - развој што ќе го олесни идното место на сите овие држави во самата Европска Унија“, изјави Коѕиас по состанокот.

Тој додаде дека е разговарано за грчката политика за Македонија, Албанија и Косово, како и за Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Коѕиас информирал и за „добрите стратешки односи со Бугарија“.

XS
SM
MD
LG