Достапни линкови

ЈО - постапуваме по предметот „прислушување“


Јавното обвинителство во писмено соопштение реагира на, како што наведуваат, пишувањата во медиумите и изјавите на одредени лица во кои се наведува дека надлежните јавни обвинителства не постапуваат, односно селективно постапуваат по предмети произлезени од прес-конференциите на СДСМ и објавените телефонски снимки на наводни разговори. Во врска со овие наводи, Јавното обвинителство повеќе пати има објавено соопштенија во кои ја информира јавноста за текот на постапките, велат од ЈО.

„Преку ова известување повторно истакнуваме дека за сите настани е поведена постапка. Јавните обвинители од основните јавни обвинителства во чија надлежност се сите досега отворени предмети ги преземаат сите потребни дејствија за да се утврди постоењето на елементи на сторено кривично дело и да се лоцира евентуалната кривична одговорност и при тоа постапуваат апсолутно неселективно, стручно и професионално“, стои во соопштението.

Во деталниот список на испрашани може да се види името на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, неговиот заменик Горан Груевски, поранешниот директор на Бетон. За најголем дел на случаи е наведено дека е направен или дека се прави увид во документите, но не биле испрашувани функционери. Од ЈО наведуваат дека во случајот во кој се споменува името на градоначалникот на Центар Андреј Жерновски, иако имало покана до него, тој не се појавил на испитување. Името на премиерот Никола Груевски пак не се споменува во соопштението.

XS
SM
MD
LG