Достапни линкови

logo-print

Србија и БиХ на пат кон помирување


Членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина Драган Човиќ, Бакир Изетбеговиќ и Младен Иваниќ денеска во Белград разговараа со српскиот премиер Александар Вучиќ. По средбата Вучиќ изјави дека е отворена нова страница кон заедничката иднина. Тој вели дека Србија сака најдобри односи со БиХ. Човиќ изјави дека двете земји се на пат на искрено помирување. Каде и да се свртиме има лузни од претходната војна, но историјата треба да се остави на историчарите, друг пат нема, рече Човиќ во Белград. Тие ја прифатија поканата за посетата што Вучиќ им ја упати по нападот врз него во Сребреница со цел релаксирање на односите меѓу двете земји.

XS
SM
MD
LG