Достапни линкови

Тодоров - веројатно ќе има состанок за политичкиот договор


Членовите на работната група за политичкиот договор за надминување на кризата веројатно денеска ќе одржат состанок. Ова денеска го најави министерот за здравство и член на работната група од ВМРО-ДПМНЕ Никола Тодоров.

„Конечно ќе се состане работната група. По пет шест недоаѓања на СДСМ веројатно дека денеска ќе се состане работната група“, рече Тодоров одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција за набавка на нова опрема за Градската општа болница „8 Септември“.

XS
SM
MD
LG