Достапни линкови

Секретарот за одбрана на САД во Саудиска Арабија


Американскиот секретар за одбрана Ештон Картер е во посета на Саудиска Арабија каде треба да се сретне со саудискиот крал Салман и со други функционери. Посетата на Картер на Блискиот Исток е со цел САД да ги смири своите сојузници по потпишувањето на нуклеарниот договор со Иран. Претходниот ден американскиот секретар за одбрана го посети Јордан, а на 20 јули беше во посета на Израел. Картер изјави дека САД и Израел имаат заедничка цел да го борат против неповолното иранско влијание на регионот. Израел и земјите од Блискиот Исток предводени од сунитски власти веруваат дека договорот меѓу Иран и светските сили само ќе го охрабрат раководството на Иран.

XS
SM
MD
LG