Достапни линкови

Претставниците на ДПА велат дека на преговорите за надминување на политичката криза се разговарало и за спорот за името, но во ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ негираат.

Различните изјави на претставниците на најголемите политичките партии за тоа дали на лидерските средби за решавање на политичката криза се разговарало и за решавање на проблемот со името, не даваат јасна слика дали навистина има поместувања во таа насока.

Во текот на средбите во коишто беше постигнат договорот од 2 јуни и 15 јули за надминување на политичката криза во ниту еден момент тема на разговор не беше проблемот со името што го има Грција со Република Македонија.

Пред два дена, на маргините на Советот на Европската унија во Брисел, пред 12-тиот Совет за стабилизација и асоцијација, еврокомесарот Јоханес Хан изјави дека во наредните неколку месеци до изборите треба да се имплементира договореното од Пржино и доколку тоа биде остварено, „следно е да се справиме со проблемот со името, каде што, исто така, гледам некакво движење“, рече Хан.

За тоа дали има поместувања во решавањето на проблемот со името, портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов вели дека ова прашање треба прецизно да биде му биде упатено упатено на премиерот Никола Груевски.

Претходно од ДУИ брифираа дека во преговорите не се зборувало за решение на името, но дека тоа ќе било дел од разговорите на работните групи.

„Во текот на средбите во коишто беше постигнат договорот од 2 јуни и 15 јули за надминување на политичката криза во ниту еден момент тема на разговор не беше проблемот со името што го има Грција со Република Македонија. Така што тие информации, дали се добиени од страна на Владата или од страна на премиерот, за нас е непозната категорија. Она што го знаеме со сигурност е дека на тие средби немаше таков разговор, така што не знам зошто некој би мислел дека има поместување во таа работа“, вели Шилегов.

Од ДПА веќе извесен период имаат спротивно тврдење. Од партијата денеска упатуваат на нивниот лидер Мендух Тачи кој во текот на преговорите за политичката криза рече дека паралелно со нив се работи врз наоѓање решение за проблемот со името.

Од ВМРО-ДПМНЕ и од ДУИ денеска не добивме коментар за тоа на што се должи ваквата изјава на Хан. Претходно од ДУИ брифираа дека во преговорите не се зборувало за решение на името, но дека тоа ќе било дел од разговорите на работните групи.

По изјавата на Тачи, владејачката ВМРО-ДПМНЕ излезе со соопштение дека на разговорите на коишто учествувала партија немало никаков предлог за решавање на проблемот со името.

Американскиот помошник државен секретар за евроазиски прашања, Викторија Нуланд пред доаѓањето во Скопје исто така порача партиите да се фокусираат на решавање на кризата, а потоа на проблемот со името.

  • 16x9 Image

    Владимир Калински

    По завршувањето на студиите по новинарство започна да работи во А2 телевизија каде што известуваше за политички, економски и социјални теми. Потоа беше ангажиран во македонската редакција на Радио Дојче Веле во Бон. Во последниве неколку години работи во Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG