Достапни линкови

Украинскиот „Десен сектор“ бара референдум


На синоќешниот антивладин протест во Киев припадници радикалната националистичка организација „Десен сектор“ најавија кампања за спроведување референдум за тоа дали да биде отповикан претседателот Петро Порошенко и неговата влада поради лошото водење на државата. Во меѓувреме, претседавачот на ОБСЕ шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ изјави дека Украина и проруските сепаратисти постигнале начелен договор за продолжување на повлекувањето на оружјето од источна Украина.

XS
SM
MD
LG