Достапни линкови

Пентагон: во Сирија убиен еден од лидерите на Ал Каеда


4

4

Пентагон потврди дека во американски воздушен напад во Сирија бил убиен Мухсин ал Фадли, еден од лидерите на сириското крило на Ал Каеда. Во соопштението се наведува дека тој бил убиен на осми јули во неговото возило во близина на Сармада. Ал Фадли бил цел на американски воздушен напад и во септември минатата година, но тогаш немаше потврда и дека бил убиен.

XS
SM
MD
LG