Достапни линкови

Претседателството на БиХ во посета на Белград


Членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина Драган Човиќ, Бакир Изетбеговиќ и Младен Иваниќ денеска во Белград ќе разговараат со српскиот премиер Александар Вучиќ. Тие ја прифатија поканата за посетата што Вучиќ им ја упати по нападот врз него во Сребреница со цел релаксирање на односите меѓу двете земји. Претседавачот на Претседателството Човиќ изјави дека посетата треба да се искористи како нова шанса и исчекор за реално согледување на проблемите од минатото.

XS
SM
MD
LG