Достапни линкови

logo-print

Вардар испадна без пораз од АПОЕЛ


Македонскиот фудбалски шампион, екипата на Вардар, не успеа да се пласира во следното коло од квалификациите за Лигата на шампиони, откако вечерва во Скопје одигра нерешено 1:1 со кипарски АПОЕЛ. Исто така и првиот меч во Кипар заврши нерешено 0:0, но АПОЕЛ оди понатаму поради гол постигнат во гости.

Натпреварот започна резервирано од двете страни со блага иницијатива на АПОЕЛ, но и Вардар имаше свои минути. Сепак на полувреме се отиде со почетниот резултат.

Второто полувреме започна со иницијатива на Вардар, но сепак во 60 минута поведоа гостите со голот на Томас де Винсенти. До крајот АПОЕЛ ја контролираше играта, а Вардар успеа да го израмни резултатот во судиското продолжение со голот на Љамчевски.

На националната арена „Филип Втори“ во Скопје имаше повеќе од 20илјади гледачи.

XS
SM
MD
LG