Достапни линкови

САД ги смирува сојузниците на Блискиот Исток


Американскиот секретар за одбрана Ештон Картер се обидува да ги смири сојузниците на Блискиот Исток по потпишувањето на нуклеарниот договор со Иран во текот на турнејата низ регионот која вклучува посети на Израел, Јордан и Саудиска Арабија. Картер вчера во Израел се сретна со премиерот Бенјамин Нетанјаху, кој е жесток критичар на нуклеарната спогодба со Иран. Денеска тој отпатува во Јордан, а утре ќе ја посети Саудиска Арабија.

XS
SM
MD
LG