Достапни линкови

logo-print

Киргистан го раскина договорот за соработка со САД


Владата во Киргистан денеска формално го прекина договорот за соработка со Соединетите Американски Држави склучен во 1993, соопштија од прес службата на владата. Премиерот потпишал директива со која се прекинува договорот за соработка. Ваквиот чекор на киргистанските власти уследи откако САД му додели престижна награда за човекови права на затворениот активист и новинар Азимјан Аскаров. Министерството за надворешни работи на Киригистан првин предаде протестна нота на американскиот заменик-амбасадор во земјата, Ричард Мајлс, откако Стејт департментот му додели награда за борец за човекови права на Аскаров. Владата на Киргистан соопшти дека одлуката е спротивна на пријателските односи меѓу Киргистан и САД. Аскаров беше осуден на доживотен затвор за организирање на смртоносни судири меѓу локалните Узбеци и Киргизи и вмешаност во убиство на полицаец за време на насилствата во 2010 година. Тој вели дека неговиот случај е политички мотивиран.

XS
SM
MD
LG