Достапни линкови

Грчкиот парламент утре гласа за вториот пакет реформи


Грчката влада денеска пред парламентот презентираше повеќе нацрт закони за реформи, со барање финалниот договор да се постигне до 20 август. Пратениците утре треба да гласаат за вториот пакет реформи, што ќе биде уште еден тест за премиерот Алексис Ципрас, по гласањето на првиот пакет реформи минатата недела. Грција мора да го усвои и вториот пакет за да добие 83 милиони евра помош во следните три години. На 20 август истекува рокот во кој Грција треба да и прави 3,2 милијарди евра на Европската Централана Банка, а во септември треба да и плати 1,5 милијарди евра на Меѓународниот монетарен фонд.

XS
SM
MD
LG