Достапни линкови

logo-print

Петерле: мора да се спроведе политичкиот договор


Moldova / Slovenia - Alojz (Lojze) Peterle, Slovenian politician, member of the European Parliament

Moldova / Slovenia - Alojz (Lojze) Peterle, Slovenian politician, member of the European Parliament

Одредбите од политичкиот договор за надминување на кризата мора да се исполнат со цел Македонија во октомври да добие позитивен извештај и да се приближи кон ЕУ и НАТО. Сега не е време да се праша кој, туку што и како се подготвени да сработат заедно за стабилна Македонија со внатрешна кохезија без разлика на промените на политичката сцена. Сите што ќе работат поинаку ќе платат политичка цена, порача Алојз Петeрле, копретседавач на Бирото на Мешовитиот парламентарен комитет - Република Македонија и ЕУ.

Тој на денешната прес-конференција порача дека е важно во наредните неколку месеци да се спроведе она што е договорено, а за тоа, како што рече на Македонија ЕУ ќе и понуди и политичка поддршка и експертска помош.

Членовите на Бирото на Мешовитиот парламентарен комитет - Република Македонија и ЕУ денеска се состанаа во Собранието на Република Македонија.

Заедно со Петерле во Скопје дојдоа и копретседавачите на Комитетот, Сергеј Станишев и Ангел Џамбаски.

XS
SM
MD
LG