Достапни линкови

Хашката пресуда за Караџиќ во декември


Хашкиот суд би требало во декември годинава да ја изрече првостепената пресуда во судскиот процес против поранешниот лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ, јави Танјуг повикувајќи се на извори во Прес-службата на Трибуналот.

Истите извори нагласиле дека точниот датум за изрекување на пресудата се уште не е одреден, но дека се очекува тоа да биде во декември.

Српските власти го уапсија Караџиќ, кој се криеше повеќе години, во јули 2008 година, а една недела подоцна му го предадоа на Хашкиот суд.

Обвинителството на Трибуналот го товари Караџиќ за геноцид, вмешаност во геноцид, ликвидации, убиства, казнувања, депортации, нехумани постапки и други злосторства извршени врз Бошњаци, Хрвати и останати цивили од несрпска националност во Босна и Херцеговина.

XS
SM
MD
LG