Достапни линкови

На украински режисер му се суди во Русија


Во Русија започна судењето на украинскиот филмски режисер Олег Сенцов и уште еден човек.Тие се обвинети за организирање терористичка група, планирање напади и набавка на експлозив. Пред судот во рускиот град Ростов на Дон, тој рече дека не ја признава надлежноста на судот. Сенцов и тројца други украински државјани лани во мај беа уапсени на Крим, кој беше анектиран од страна на Русија минатата година. Неговото апсење наиде на осуди во светот, а многумина од жителите на Крим велат дека ваквите апсења на познати личности како Сенцов се средство за ставање на опозицијата под руска контрола. Тој се соочува со казна затвор од 20 години доколку биде осуден.

XS
SM
MD
LG