Достапни линкови

Времето е отепувачка


Илустрација.

Илустрација.

Особено лоши биометеоролошки услови, според синоптичарите, ќе има во текот на претстојната ноќ. Можни се главоболки, болки во колената, на грбот и вратни болки. Во ноќните часови, пак, се очекува честа појава на општа слабост.

Надвор излегува само кој мора, останатите се кријат под сенка и во климатизирани простории. Потрошувачката на струја и на вода е зголемена, екипите на Итната помош се на штрек. Температурите во земјава во изминатите денови достигнуваат и до 40 степени.

Еве со вода нон-стоп, под сенка или со чадор, ама обврски си се обврски, без оглед на жешкото.

Граѓаните што ги анкетиравме во центарот на Скопје велат дека излегле од дома зашто имаат неодложни обврски. За разладување се снаоѓа кој како знае.

„Би требало да речеме да се почнува со работа порано за да се избегне топлото време.“

„Мене ми е супер.“

Можеби и поради самата нагла промена, односно нагло зголемување на температурите, дојде до потешка адаптација. Можеби дури и не можевме да разбереме дека толку е висока температурата, па не почитувавме никакви препораки, луѓето излегуваа надвор во кој било период од денот, се шетаа, имавме повеќе интервенции на јавно место, меѓутоа тоа траеше неколку дена, така што последнава недела таквите интервенции се сведени до минимум.

„Еве со вода нон-стоп, под сенка или со чадор, ама обврски си се обврски, без оглед на жешкото.“

„Сабајле додека е поладно си ги завршуваме обврските.“

„Еве 63 години имам, ноќеска за прв пат до 2 часот не можев да заспијам, морав до сабајле под клима да спијам, тоа не е нормално.“

„На клима, многу вода, седам повеќе дома и тоа е тоа. Ова е неопходно што морам да излезам“, велат анкетираните.

Топлото време и екстремно високите температури може да предизвикаат сериозни здравствени проблеми кај населението, предупредува Управата за хидрометеоролошки работи. Особено лоши биометеоролошки услови, според синоптичарите, ќе има во текот на претстојната ноќ. Можни се главоболки, болки во колената, на грбот и вратни болки. Во ноќните часови, пак, се очекува честа појава на општа слабост, а кај некои ќе се појави и чувство на тежина во главата. Во раните утрински часови, болките кои се од ревматски карактер, но и оние кои се од артритични промени, ќе бидат се подолготрајни, укажува УХМР.

Единствено во градските средини каде што корисниците во зимскиот период своите домови ги затоплуваат преку централно греење, таму мрежата е така направена да има доволно количество на електрична енергија само за другите намени, а не и за греење. Во овој период таму се зголемува потрошувачката и во одделни згради може да има преоптоварување, но екипите се тука и веднаш ќе реагираат да се надминат овие проблеми. Велам евентуално, зашто барем досега таков тип на проблеми немаме забележано.

Анита Димовска од скопската Итна помош вели дека во првите денови кога температурите пораснаа имале зголемен број на интервенции поради колабирање на граѓани на јавни површини, но оти сега состојбата се стабилизира.

„Можеби и поради самата нагла промена, односно нагло зголемување на температурите, дојде до потешка адаптација. Можеби дури и не можевме да разбереме дека толку е висока температурата, па не почитувавме никакви препораки, луѓето излегуваа надвор во кој било период од денот, се шетаа, имавме повеќе интервенции на јавно место, меѓутоа тоа траеше неколку дена, така што последнава недела таквите интервенции се сведени до минимум“, вели Димовска.

Таа вели дека Итната помош добива меѓу 70 и 90 повици дневно, што е вообичаено за овој период од годината. Граѓаните најчесто се жалат на вртоглавица, повремена несвестица и проблеми со притисокот. Таа препорачува, ако не им е неопходно, граѓаните да не излегуваат надвор меѓу 11 и 17 часот, да не се задржуваат долго време на отворено, хронично болните редовно да ја примаат терапијата, да се носи лесна и светла облека, очила за сонце, капи и заштита на кожата.

Поради многу топлото време и зачестеното користење на клима уреди, се зголемува и потрошувачката на струја, велат во ЕВН. Рекордна потрошувачка на струја имало во понеделникот што беше и најтопол дел годинава. Во Скопје вчера биле потрошени 5404 мегаватчаса, а во Македонија 14560 мегаватчаса. Портпаролот на ЕВН Атанас Ковачевски вели дека не очекуваат проблеми во снабдувањето, зашто има доволно енергија и капацитет на дистрибутивната мрежа.

„Единствено во градските средини каде што корисниците во зимскиот период своите домови ги затоплуваат преку централно греење, таму мрежата е така направена да има доволно количество на електрична енергија само за другите намени, а не и за греење. Во овој период таму се зголемува потрошувачката и во одделни згради може да има преоптоварување, но екипите се тука и веднаш ќе реагираат да се надминат овие проблеми. Велам евентуално, зашто барем досега таков тип на проблеми немаме забележано“, вели Ковачевски.

Тој вели дека најголема опасност за дистрибутивната мрежа во летниот период се шумските пожари, кои може да зафатат и дел од бандерите.

Зголемена е и потрошувачката на вода за 15 проценти, велат во скопски Водовод. Ако Скопје троши 270 илјади метри кубни дневно, деновиве потрошувачката надминува 300 илјади кубни метри вода.

  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG