Достапни линкови

До МВР поднесени 35 барања за азил


До МВР досега се поднесени 35 барања за признавање на правото на азил врз основа на претходно издадена потврда. Од тие барања 25 се од државјани на Сирија за азил, од нив шест за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак, како и едно барање од државјанин на Египет. Откако се донесени измените на законот за пред еден месец се издадени вкупно 16.895 потврди на странски државјани, за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

XS
SM
MD
LG