Достапни линкови

САД ги смирува своите сојузници на Блискиот Исток


Американскиот секретар за одбрана Ештон Картер се сретна со израелскиот премиер Бенјамин Нетенјаху во Ерусалим во обид да ја намали загриженоста по потпишувањето на нуклеарниот договор со Иран. Вчера Картер изјави дека Израел останува темел на американската стратегија на Блискиот Исток, сугерирајќи дека САД се подготвени да ја зајакнат воената соработка со Израел. Израелските власти предупредија дека нуклеарниот договор ќе донесе повеќе пари за милитантната група Хезболах и други групи кои се непријателски расположени кон Израел. Картер е во посета на Блискиот Исток во насока на смирување на американските сојузници кои се загрижени за нуклеарниот договор. Тој ќе ги посети и Јордан и Саудиска Арабија.

XS
SM
MD
LG