Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ: зад насилствата врз новинарите стои СДСМ


ВМРО-ДПМНЕ принципиелно го осудува физичкиот напад против лицето Марјан Стаменковски, исто онака како што ги осуди нападите против новинарите Ивона Талевска, Дејан Николовски, Јанко Илковски, Бобан Нонковиќ и Антонио Димитриевски, се наведува во партиското соопштение.

Од партијата велат дека СДСМ и нивното раководство, со финансиерите од Сорос, наметнуваат, како што велат, илјадници лаги, манипулации, измами и шпекулации во јавниот простор со што, како што велат свесно предизвикуваат состојба на омраза и насилство.

„Впрочем СДСМ, Заев, Фрчковски, Тричковски, Геровски и сличните на нив континуирано повикуваа на насилство и физички пресметки. Политичката одговорност за сите овие напади ја носи исклучиво тесното раководство на СДСМ, се вели во соопштението.

Од партијата велат дека не сакаат да верува дека и овој настан е дел од ниска и гнасна игра на СДСМ и бараат од институциите да го расчистат целиот случај, а извршителите без разлика на нивниот мотив да бидат строго санкционирани.

XS
SM
MD
LG