Достапни линкови

Турција идентификуваше осомничен за нападот


Турција соопшти дека е идентификуван осомничениот за бомбашкиот напад во кој се убиени 32 луѓе, а десетици се повредени. Премиерот на Турција, Ахмет Давутоглу денеска изјави дека се истражуваат меѓународните и домашните врски на осомничениот. Тој рече дека постои висока можност вчерашниот напад во пограничниот град Суруч да го предизвикал бомбаш самоубиец поврзан со организацијата Исламска држава. Нападот се случи во културен центар во кој имало курдски млади активисти кои планирале да отидат во соседниот град Кобане да помогнат во обновата на градот. Давутоглу најави дека утре турските власти ќе одржат состанок на кој ќе се разгледаат дополнителни мерки за безбедност на границата со Сирија.

XS
SM
MD
LG