Достапни линкови

Русија против воената вежба на НАТО во Украина


Рускиот претставник во НАТО, Александар Грушко.

Рускиот претставник во НАТО, Александар Грушко.

Воената вежба на НАТО во западна Украина е од „провокативна природа“, велат руските власти. Рускиот претставник во НАТО, Александар Грушко денеска изјави дека вежбите го нарушуваат процесот на имплементација на договорот од Минск потпишан во февруари. Украинското Министерство за одбрана соопшти дека на воените вежби учествуваа 2.000 војници, од кои 800 украински, 500 американски војници и 700 од другите земји членки на НАТО. Воената вежби почнаа на 20 јули и ќе траат до 1 август.

XS
SM
MD
LG