Достапни линкови

Седум жртви во лизгање на земјиште во Таџикистан


Најмалку седум луѓе загинаа во лизгање на земјиште и поплави предизвикани од топење на глечери во источниот дел на Таџикистан во текот на последните неколку дена. Од лизгање на земјиштето и поплавите се уништени околу 70 куќи, оштетени се згради, прекинато е снабдувањето со струја, оштетени се канали за наводнување, а двете термоелектрани во тој регион прекинале со работа. Семејствата чии куќи се уништени се сместени во привремен камп. Властите велат дека штетите се проценуваат на 50 милиони долари.

XS
SM
MD
LG