Достапни линкови

logo-print

Зариф го бранеше нуклеарниот договор


Во обраќањето пред пратениците во иранскиот Парламент , министерот за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф го бранеше како што рече,„избалансираниот“ нуклеарен договор со светските сили.

„Ние не велиме дека договорот е целосно во корист на Иран. Сите преговори се состојат од давање и земање“, рече Зариф, кој го предводеше иранскиот преговарачки тим.

Врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи, кој го има последниот збор за сите државни работи во Иран, соопшти дека договорот ќе биде внимателно прегледан за да се осигурат дека со него се чуваат националните интереси. Според договорот во Виена, западните земји ќе ги укинат санкциите кон Иран во замена за тоа Техеран ќе ја ограничи својата нуклеарна програма.

XS
SM
MD
LG