Достапни линкови

Нападот во Турција дело на ИД


Турски официјални претставници се сомневаат дека зад вчерашниот самоубиствен бомбашки напад во Суруч во кој загинаа триесетина луѓе стојат милитантите на Исламската држава. Во експлозијата во дворот на еден културен центар биле ранети 100 лица. Суруч е во близина на сирискиот град Кобани каде што курдите кон крајот на јуни ја презеле контролата од милитантите на Исламската држава. Досега никој не ја презеде одговорноста за нападот кој се смета за најтежок досега во Турција.

XS
SM
MD
LG