Достапни линкови

logo-print

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ: Кој го кочи договорот од 2 јуни


Macedonia - Logos of the Macedonian parties VMRO-DPMNE and SDSM - 22Jun2010

Macedonia - Logos of the Macedonian parties VMRO-DPMNE and SDSM - 22Jun2010

СДСМ денеска обвини дека ВМРО-ДПМНЕ го кочи договореното на 2 јуни. Заменик претседателската на партијата Радмила Шеќеринска изјави дека на денешниот состанок на работната група задолжена за планирање и спроведување на европските препораки од Извештајот на Прибе, согласно договорот од 2 јуни, ВМРО-ДПМНЕ половина час пред закажаната средба го откажала своето присуство и учество. Според неа ваквиот однос на ВМРО-ДППНЕ е неприфатлив и додава дека тоа мора да се промени час поскоро.

ВМРО-ДПМНЕ обвинувањата на Шеќеринска ги отфрла како ниски и лицемерни. Во реакцијата наведуваат дека досега се одржуваа повеќе средби на работната група и оти СДСМ и нејзините претставници Радмила Шеќеринска и Рената Десковска Треневска биле единствени кои не присуствувале.

ВМРО-ДПМНЕ појаснува дека навремено побарале одложување на денешната средба поради државни и работни обврски на министерот за надворешни работи, Никола Поповски, кој воедно е претставник на ВМРО-ДПМНЕ во оваа работна група.

XS
SM
MD
LG