Достапни линкови

logo-print

Давутоглу: Нападот во Суруч е дело на ИД


Првите резултати од истрагата за денешниот самубиствен напад во градот Суруч во југоисточна Турција, во близина на границата со Сирија, укажуваат дека станува збор за терористички чин извршен од страна на џихадистичката група Исламска држава, изјави доцна попладнево турскиот премиер Ахмет Давутоглу.

„Турција презеде и ќе продолжи да ги презема неопходните мерки против Исламската држава“, порача Давутоглу, најавувајќи дека Анкара донела одлука за засилување на безбедносните мерки долж турската граница со Сирија.

Според најновите податоци, во денешниот напад во Суруч загинаа најмалку 30 лица, од кои најголмиот број студенти, а околу 100 други се ранети.

Експлозијата се случи во дворот на Културниот центар „Амара“, во кој се оддржувала конференција на која присуствувале најмалку 300 членови на Федерацијата на младинските асоцијации на социјалистите, Целта на конференцијата била прибирање помош за обнова на сирискиот град Кобане.

XS
SM
MD
LG