Достапни линкови

Белорусија - затвореник не може да се трка за претседател


Властите во Белорусија задолжени за избори не му дозволуваат на поранешниот кандидат за претседател на државата да учествува на претседателските избори закажани за 11 октомври. Од Изборната комисија велат дека одбиваат да ја регистрираат номинацијата на Миколау Статкевич затоа што тој е затвореник. Тој е осуден на шест години затвор за учеството во насилните протести по претседателските избори во 2010. Откако беше објавено дека Александар Лукашенко е избран за претседател во 2010, демонстрантите излегоа на протести во Миснк. Статкевич негира дека тој ги организирал протестите и вели дека е политички осуден.

XS
SM
MD
LG