Достапни линкови

Германија и Иран ги обновија економските врски


Германскиот министер за економија Зигмар Габриел и иранскиот претседател Хасан Рохани.

Германскиот министер за економија Зигмар Габриел и иранскиот претседател Хасан Рохани.

Германија и Иран ги реобновија некогаш блиските економски врски во пресрет наукинувањето на западните санкции кон Иран по потпишувањето на нуклеарниот договор. Германскиот министер за економија Зигмар Габриел престојува во тридневна посета на Иран, што е прва посета на висок германски претставник по 13 години пауза и е прва посета на еден официјален западен претставник на Иран, откако минатата недела беше постигнат договор за иранската нуклеарна програма. Габриел, како што јавуваат новинските агенции, предводел „мала делегација бизнисмени и научници“. Габриел беше примен и од иранскиот претседател Хасан Рохани. Според некои очекувања, трговската размена меѓу двете земји во наредниве три години би можела да достигне над 10 милијарди долари.

XS
SM
MD
LG