Достапни линкови

logo-print

Попова Шапка со неформален градоначалник


 Сашко Панов, пензионер, жител на Попова Шапка.

Сашко Панов, пензионер, жител на Попова Шапка.

Пензионерот Сашко Панов веќе десетина години постојано живее на Попова Шапка. Редовните посетители велат дека тој е неформален градоначалник на местото.

Градоначалник на Попова Шапка, како функција не постои, но неформално веќе неколку години важи за 71-годишниот Сашко Панов. Така го нарекуваат сите кои сè почесто на скијачкиот центар, бидејќи веќе десетина години постојано живее во својата викендичка на Попова Шапка.

Тоа ми ја дадоа луѓето дека сум тука. Ме почитуваат така како градоначалник. Во ТВ работев 38 години, се пензионирав и после пензијата дојдов овде, зашто, како што велат, папокот ми е на Шапка. И веќе 10 години сум нон-стоп тука.

„Тоа ми ја дадоа луѓето дека сум тука. Ме почитуваат така како градоначалник. Во ТВ работев 38 години, се пензионирав и после пензијата дојдов овде, зашто, како што велат, папокот ми е на Шапка. И веќе 10 години сум нон-стоп тука. Единствено што одам по пензија на 2-3 месеци до Тетово и некогаш до Скопје, така поретко. Моите изумреа, што се вика, кафанџии, што идевме. Во телевизијата веќе е друга ситуација, не е како порано. Овде ми е најубаво“, објаснува Панов.

Тој се бавел со многу спортови во младоста, а пред сè со скијањето, па оттаму е еден од мотивите да се одлучи да живее на Попова Шапка.

Оваа година и зимскиот и летниот период е најлошо од кога знам за Попова Шапка, веќе 62 години идам тука. Ова што е со Шапка е крајна граница да се направи нешто.

„Јас сум скопјанец, ама скијав на времето за Љуботен. Уште со Иљоски, покојниот Бранко, со Рефик Јахја во репрезентација на Југославија бевме. На Олимпијада бев“, вели Сашко Панов.

Иако работел цел живот како телевизиски режисер, по вокација е сликар. Освен со скијањето на зима и пешачењето на лето, слободното време го исполнува со сликање.

„За скијање, ќе отидам еднаш до Церипашина и тоа е доволно за мене веќе. Инаку, јас сум сликар, завршив академија. Така што, сликам овде. Доаѓа внуката, доаѓа ќерката“, раскажува Сашко Панов како ги поминува деновите.

Неформалниот градоначалник на Попова Шапка жали што нема вистинска функција за да ја подобри состојбата во која се наоѓа неговото омилено место.

„Оваа година и зимскиот и летниот период е најлошо од кога знам за Попова Шапка, веќе 62 години идам тука. Ова што е со Шапка е крајна граница да се направи нешто. Фали светло, особено зимно време. Ќе дојде човек, не можат да искочат. Кучиња лаат. Кога има некој во викендичките зрачи нешто, инаку кога нема, тоа е штама“, вели тој.

Од неодамна на Сашко Панов сограѓани му се двајца сопружници кои исто така по пензионирањето решиле постојано да живеат на Попова Шапка.

XS
SM
MD
LG