Достапни линкови

Шумски пожари во велешко и во охридско


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Голем пожар беснее во атарот на селата Челошево и Дорутовец, информираат од Противпожарната единица во Велес. Пожарот кај нив бил пријавен попладнево во 14 часот и 40 минути. Пожарот го гасат екипи на Противпожарната единица иекипа на ЈП Подружница Шумско стопанство „Бабуна“ од Велес. Екипите се уште се на терен и се борат со огнената стихија со која е зафатена поголема површина под бор и чемпрес.

Шумски пожар попладнево избувна и на падините на планината Петрино, над населбата Бејбунар во непосредна близина на градот Охрид, при што со пламен се зафатени околу два хектари површини со ниска вегетација и смреки. Според информациите од Територијалната противпожарна единица од Охрид, пожарот избувнал во 13:45 часот, а како причина се наведуваат две можности – или човечки фактор или дефект на далноводната мрежа од трафостаницата што се наоѓа во непосредна близина, на што укажува и податокот што попладнево се регистрирани прекини во снабдувањето со електрична енергија на делови на градот.

XS
SM
MD
LG