Достапни линкови

Гевгелија - посебен пункт и посебен превоз за мигрантите


Доколку се проблематизира протокот на мигрантите кон Србија и оваа држава ја затвори својата граница, Република Македонија истото тоа да го стори со границата кон Грција е само еден од заклучоците на попладневниот состанок на локолниот совет за превенција на општина Гевгелија со кој раководеше градоначалникот Иван Франгов. Покрај ова советот за превенција предложи заради побрз проток на мигрантите кон други држави, регистрацијата и евидентирањето на мигрантите да се врши на полициско-граничен пункт во близина на граничниот камен 59 на границата со Грција, а превозот на мигрантите да се организира од помошниот железнички перон кој се наоѓа на просторот на поранешниот царински терминал во близина на железничката станица во Гевгелија. Заради заштита на граѓаните од заразни болести, транспортот на мигрантите гевгеликиот совет за превенција предлага да се одвива со специјален, а не со јавен автобуски, железнички или такси превоз.

XS
SM
MD
LG