Достапни линкови

Кубанското знаме се вее на амбасадата во САД


Кубанско знаме се вее на амбасада во Вашингтон, со што се одбележа обновата на дипломатските односи меѓу САД и Куба по повеќе од половина век. Кубанско знаме е поставено и во американскиот Стејт департмент со знамињата од другите земји со кои Вашингтон има дипломатски односи. Предвидено е денеска државниот секретар на САД, Џон Кери да се сретне со кубанскиот министер за надворешни работи Бруно Родригез. Од Стејт департментот денеска соопштија дека Кери ќе ја посети Куба на 14 август кога ќе се отвори амбасадата на САД во Хавана. Дипломатските односи меѓу двете земји прекинаа во 1961.

XS
SM
MD
LG