Достапни линкови

Крадење на вага на дебарскиот пазар


Градски пазар во Дебар.

Градски пазар во Дебар.

Во повеќе случаи при контролите на вагите на дебарскиот зелен пазар е утврдено дека тие не се баждарени. Надлежните велат дека тоа најчесто се случува кај трговци кои не се од градот.

Многу често се случува на дебарскиот зелен пазар да најдете на прв поглед земјоделски производи по пониски цени од оние во другите пазари во земјата, но со манипулациите што ги прават дел од трговците излегува дека на овој пазар цените се многу поскапи.

Имаме констатирано дека мерните единици, или како што ги нарекуваме вагите, дека дел од нив не се баждарени.

Во контролите кои се извршени на мерните единици – на вагите, се утврдени аномалии во нивната точност. Во повеќе случаи е утврдено дека мерните единици не се баждарени.

Рифат Деде, државен инспектор за пазар.

Рифат Деде, државен инспектор за пазар.

„За време на спроведување на нашите контроли имаме констатирано дека мерните единици, или како што ги нарекуваме вагите, дека дел од нив не се баждарени. Во тој однос имаме преземено законски мерки. Потоа судот има и право да го одземе мерилото и нормално да изрече казни. Сепак, треба да се нагласи дека најмногу манипулации и изречено казни за тоа се изречени на зелениот пазар каде се констатирани манипулации, така што потоа се изречени и казните“, вели државниот инспектор за пазар Рифат Деде.

Проблемите кои ги создаваат трговците на зелениот пазар во Дебар, над 90 отсто ги создаваат трговци кои не се од Дебар. Тука делува многу и фактот што Дебар е мал град и сите се познаваат.

Тој истакнува дека претежно овие малверзации со мерните единици се регистрирани на зелениот пазар и таквите незаконски активности ги имаат реализирано трговци кои продаваат производи во Дебар, но не се од Дебар. Помеѓу трговците и земјоделците од Дебар не се забележани манипулации со мерните единици.

„Проблемите кои ги создаваат трговците на зелениот пазар во Дебар, над 90 отсто ги создаваат трговци кои не се од Дебар. Тука делува многу и фактот што Дебар е мал град и сите се познаваат. Проблемите со мерните единици најчесто се евидентирани со трговците од Скопје, Струмица и други градови од земјава. Инаку, казните се мошне високи за ваквите манипулации и тие изнесуваат од 500 евра за физички лица и 3 до 5 илјади евра за правно лице.

Што се однесува до контролите што се извршени во трговската мрежа, не се забележани пропусти во однос на тежината на пакуваните производи.

  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG