Достапни линкови

Владата демантира - очилата на Груевски не чинат 60 илјади долари


Архивска фотографија - Премиерот Никола Груевски во посета на Дојран.

Архивска фотографија - Премиерот Никола Груевски во посета на Дојран.

Сакаме да истакнеме дека се целосно неточни и невистинити наводите објавени во дел од медиумите дека очилата за сонце на премиерот Никола Груевски наводно чинат 60 илјади американски долари и истите тие неточни и невистинити наводи енергично ги демантираме, стои во соопштението од Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Македонија.

Во него се додава дека очилата за сонце воопшто не се дијамантски или луксузни како што неточно се наведува, туку се обични очила за сонце купени по просечна цена какви што може да се купат во секоја обична продавница за очила за сонце во Скопје.

Денеска на социјалните мрежи се појави фотографија од премиерот на плажа, со наводно скапи очила за сонце, што според информациите на социјалните мрежи чинат 60 илјади долари. Подоцна од владината прес служба соопштија дека премиерот Никола Груевски заедно со своето семејство е на неколкудневен годишен одмор во Државата Израел.

XS
SM
MD
LG