Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ: Партиското седиште е изградено во легална постапка


Целокупната постапка околу изградбата на новиот објект на партијата, од избор на инвеститор, па се до ден денес се врши легално и транспарентно, а за тоа постојат и уредни документи, се наведува во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата информираат дека и постапката за добивање на употребна дозвола за објектот од страна на инвеститорот е направена во рокови кои се пропишани и за овој објект. Објектот, додаваат, се уште не е ставен во функција. Обвинувањата од градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски, според ВМРО-ДПМНЕ се ниска медиумска манипулација.

XS
SM
MD
LG