Достапни линкови

Нема согласност за формирање Вооружени сили на Косово


Косовската Влада денеска не успеа во Парламентот да ги достави предлог уставните амандмани, кои ќе овозможат формирање војска на Косово, бидејќи на тоа се спротивставија коалициските партнери од листата „Српска“, поставувајќи неколку услови.

Листата „Српска“ е многу јасна со своите услови, дека нема да гласа за трансформација на Безбедносните сили на Косово во Вооружени сили на Косово се додека не се исполнат четирите услови договорени на почетокот на формирањето на коалицијата со Демократската партија на Косово (ПДК) и Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), наведуваат приштинските медиуми.

Според медиумите, „Српска“ воопшто не се откажува од своите четири барања, а тоа се: формирање на Заедницата на српски општини, српската заедница да именува заменик директор на тајната косовска служба, заменик командант на Безбедносните сили да биде од редовите на српската заедница и прекин на приватизацијата во општините Берзовица и Трепча.

XS
SM
MD
LG