Достапни линкови

ФИФА ќе бира наследник на Блатер


Светската фудбалска федерација ФИФА планира на 26 февруари следната година да одржи избори за нов претседател што треба да го наследи Сеп Блатер на чело на организацијата. Извршниот комитет на ФИФА денеска објави дека гласањето ќе се одржи на специјален конгрес во Цирих. Блатер на 2 јуни, во ек на корупциски скандал, објави дека се повлекува од функцијата, само четири дена откако го доби петтиот мандат да ја води светската куќа на фудбалот. Гласањето за неговиот избор беше засенето од апсењето на седуммина високи функционери на ФИФА. На актуелниот претседател на европската фудбалска федерација УЕФА Мишел Платини засега се гледа како на фаворит за нов претседател на ФИФА, но тој се уште не сè изјаснил дали има намера да се кандидира за функцијата.

XS
SM
MD
LG