Достапни линкови

logo-print

Човиќ - Нема да има потреба од референдум во Република Српска


Претседавачот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Драган Човиќ е уверен дека нема да има потреба во Република Српска да се спроведе референдум за работата на судот и Обвинителството на БиХ.

Минатата недела Собранието на РС донесе одлука за одржување референдум за работата на правосудните институции во БиХ.

Според Човиќ, кој е хрватски член во Претседателството, референдумот треба да се искористи како чин за воспоставување независно судство.

„Доколку таков референдум не принудува навистина да бидеме општество во кое нема да импровизираме и селективно да работиме, во кое јас како член на Претседателството на БиХ нема да зборувам дека се уште немаме правна држава, тогаш на тој начин да го искористиме гласањето“, истакна Човиќ.

XS
SM
MD
LG